НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меморијален ракометен турнир во организација на Фондацијата „Марко Божиновски“

0
By НОВА ТВ Balaban on June 14, 2022 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сите натпревари ќе бидат пренесувани во живо на Јутјуб.

Фондацијата „Марко Божиновски“ од денеска до 17 јуни во Ново Лисиче ќе го организира првиот Меморијален ракометен турнир во чест на прерано починатиот млад ракометар Марко Божиновски. Осум екипи на момчиња, родени во 2004 година и помлади, од три држави и поделени во две групи, ќе се натпреваруваат за победничкиот пехар на премиерното издание на турнирот.

Фондацијата „Марко Божиновски“ соопшти дека натпреварите ќе се играат по принцип 2х30 минути во две групи, со систем на натпреварување секој со секого во својата група. Првопласираните екипи од групите ќе играат натпревар за прво место, второпласираните за трето итн.  Во случај на ист број на поени ќе се применат пропозициите на РФМ. Сите натпревари ќе бидат пренесувани во живо на Јутјуб.

– Помина една година откако младиот ракометар и член на македонскиот национален тим Марко Божиновски тивко си замина. Неговото заминување беше тивко, но веста за неговото заминување одекна далеку и гласно. Во негова чест и аманет, а имајќи предвид дека ракометот беше негов живот, љубов и животна определба, неговото семејство ја отвори Фондацијата „Марко Божиновски“ со визија вечно да живее неговиот лик и дело, поддршка на млади луѓе кои поседуваат талент, но немаат можност да инвестираат во себе, како и всадување спортски дух кај новите генерации, дух кој Марче го носеше во себе, велат од Фондацијата.

Натпреварите од турнирот ќе се играат во спортскиот центар „Ново Лисиче“ во Аеродром, кој од минатиот октомври е преименуван во СЦ „Марко Божиновски“. 

„Марко Божиновски“ Меморијален ракометен турнир
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.