НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Малите филмаџии, ѕвезди на Манаки

0
By Нова ТВ on September 24, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Оваа есен, повторно во фокусот на македонската јавност е најголемиот филмски настан кај нас, 35-тото издание на ИФФК „Браќа Манаки“. Веќе 5-та година по ред Vip оператор е партнер на Фестивалот и, општо, партнер на филмската уметност, како и на сите доблести и вистински вредности што таа ги носи со себе.

Заедно, под мотото „5 години со ѕвездите“ Vip и „Браќа Манаки“ повторно нè водат во светот на филмската фотографија и нè доближуваат до ѕвездите на Филмската уметност.

Vip и годинава ја организираше Детската програма која им е комплетно посветена на најмалите љубители на филмот. Овој специјален дел од програмата на Фестивалот подразбира креативни работилници каде што децата имаат можност да научат, но и да создадат свое филмско дело.Работилниците се предводени од реномирани професори, кои ги водат идните потенцијални„филмаџии“ во текот на целиот процес.

Ако минатата година Детската програма подразбираше работилница за стоп-анимација, оваа година програмата се фокусираше на создавање краток филм по претходно осмислено сценарио. Во програмата учествуваа деца на возраст од 11 до 16 години, кои возбудено го прифатија предизвикот на создавање филмско дело.

Дополнително, тие самите го снимаа и го монтираа филмот, за кој исто така изработија и промотивен филмски постер. Навистина сеопфатен процес на создавање, кој ќе ги упати во тајните и предизвиците на создавање филм и доближување на филмската уметност и нејзините високите естетски и етички вредности.

Во текот на Фестивалот главните лауреати одржаа свои мастер-класови, на кои несебично им го пренесуваа своето знаење на постојните и на потенцијалните идни создавачи на филмската магија. Децата што учествуваа во Vip креативната работилница ја имаа таа среќа и чест да присуствуваат на предавањата на Лука Бигаци и на Крис Менџис.

Додека на првото предавање на Лука Бигаци го впиваа неговото знаење, најпрвин срамежливи активно да се вклучат во дискусиите, веќе на второто предавање на Крис Менџис смело ги изнесоа своите гледишта, поставуваа прашања, барајќи повеќе и повеќе од неговата генијалност.

Менџис, воодушевен од нивната креативна зрелост, спремноста за учење и прифаќање нови предизвици, им даде неколку мошне корисни совети, кои најмладите филмаџии на Фестивалот ги преточија во своето дело – краток филм што беше прикажан на свечената церемонија на официјалното затворање на Фестивалот.

Беа воодушевени и од посетата на Срѓан Драгоевиќ, прославениот режисер од Србија, автор на филмовите „Лепа села, лепо горе“, „Ми нисмо анѓели“, „Парада“ итн., член на стручното жири на Фестивалот. Тој ја поздрави нивната посветеност заинтересирано следејќи ја нивната работа, и им порача да останат мотивирани, креативни и доследни на своите соништа.

Претседателот на ИМАГО, Најџел Волтерс, веќе 5-та година по ред будно ја следи работата на Vip детските креативни работилници. Тој со нескриено задоволство ја потенцираше важноста на работилницата, како и тоа колку е важно од најмали нозе децата да се насочуваат кон убави нешта, креативност и создавање. Успешната соработка на Vip и „Браќа Манаки“ продолжува,посебно преку Детската програма, која секогаш носи инвентивни содржини што ги стимулираат најмладите, давајќи им можност да навлезат подлабоко во светот на филмот.

Инспирацијата и високите естетски вредности што ги носи програмата, се воедно и основните принципи што Vip сака да ги поттикне преку своето партнерство со Фестивалот.

До следните „Браќа Манаки“ и новата Детска програма, препуштете ѝ се на филмската уметност и уживајте во магични филмски моменти.

-Vip детската програма од година во година расте како и дечињата. Сите најискрено се радуваме на секоја насмевка што ја споделуваат во салата, пред големото платно. А насмевките се толку многубројни, што оваа година организиравме втора проекција на секој од филмовите. Најмладите гледачи се нашата иднина и надеж, така што Фестивалот „Браќа Манаки“ ќе продолжи да ги прифаќа децата во прегратката на филмската магија, вели Лабина Митевска.

Oрганизирана од Vip, Детската програма ја водеа искусни предавачи, чии програми се и меѓународно признати, а тоа го потврдува освојувањето неколку престижни награди на Светскиот образовен натпревар на „Мајкрософт“ во Прага. Токму проектот „Fun education stop motion“, дел од соработката со Vip и „Браќа Манаки“, ја донесе Првата награда на глобалниот едукативен натпревар на „Мајкрософт“ во Барселона, во категоријата Collaboration.

Во конкуренција од повеќе од 1.100 учесници од 97 земји, тимот професори го потврди успехот од минатата година, а Македонија е првак на форумите организирани од „Мајкрософт“ веќе третпат.

„Долготрајната работа, љубовта и посветеноста кон професијата, но најважно од сè слободата и мотивираноста за сопствено креативно изразување на нашите ученици, се главниот носител на сите овие заеднички победи“ – изјавуваат професорите.

На големо задоволство на децата што учествуваа во проектот, оваа година наградуваниот тим повторно ја водеше Детската програма. Проекцијата на краткиот филм што го изработија, беше вистинско заокружување на тимската работа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Познатиот шпански режисер Алмодовар ја повика шпанската влада да ги прекине односите со Израел

August 28, 2025

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025
ФОКУС

Голем воздушен напад врз Кијив – јавено за  најмалку 14 загинати

ВЕСТИ August 28, 2025

Русија истрела стотици дронови и ракети кон цели ширум Украина, уништувајќи станбени блокови и домови…

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

August 25, 2025

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.