Заменик претседателот на ГЕРБ, Томислав Дончев денеска соопшти дека неговата партија ќе иницира гласање за недоверба на владата на бугарскиот премиер Кирил Петков.
Гласањето во Народното собрание на Бугарија против премиерот Кирил Петков, според Дончев, ќе биде поради неуспехот на финансиската политика.
„Ова поглавје од историјата на Бугарија ќе биде срамно, единствено што можеме да направиме е да го задржиме кратко“, додаде тој.
Според бугарскиот устав, за гласање недоверба се потребни потписи од најмалку една петина од пратениците или во случајот 48. ГЕРБ, чија пратеничка група има 59 места, ќе нема проблем да ги обезбеди, но за изгласување недоверба потребни се 121 глас од вкупно 240 пратеници, што значи дека партијата на Бојко Борисов ќе треба да обезбеди уште 62 гласа.
За тоа ќе бидат потребни гласови од сите пратенички групи надвор од владејачката коалиција – 34 од Движењето за права и слободи, 20 од „Има таков народ“, 13 од „Преродба“, со што четирите опозициски групи ќе имаат вкупно 126 гласа во бугарскиот парламент.