Рускиот дисидент Алексеј Навални е префрлен во казнена колонија со високо обезбедување (ИЦ-6) во селото Мелехово, во Владимирска област, изјави претседателот на комисијата за јавен надзор, Сергеј Јажан за агенцијата ТАСС.
„Тој пристигна во ИЦ-6 и таму се наоѓа“, рече Јазан.
Адвокатите на Навални претходно соопштија дека нивниот клиент бил префрлен од колонијата Покров, во Владимирска област, каде што престојуваше досега, на нова, непозната локација под строг режим, откако во сила стапи новата казна против него.