Published: Wednesday, June 15, 2022 00:11
Фудбалската репрезентација на Костарика се пласира на Светското првенство во Катар како последен 32 учесник на планетарниот шампионат.
Селекцијата, чиј предводник од клупата е Луис Фернандо Суарез Гузман, го совлада Нов Зеланд во баражот во Доха со 1:0, со погодокот на Џоел Кемпбел.
Костарика во завршниот турнир во Катар ќе игра во групата Е заедно со репрезентациите на Шпанија, на Германија и на Јапонија.




