Аферата канцерогено млеко се проширува- во Хрватска санитарната инспекција на Министерството за здравство објави дека нашла зголемена концентрација на афлатоксин во уште четири видови млеко кои ги продаваат маркетите на “Конзум”, “Меркур” и “Лидл”, јавува Порталот Индекс. Во меѓувреме, во Србија се повлекува “Сомболед” на “Дукат”.
Канцерогеното млеко било повлечено од продажба, откако Министерството за здравство направило анализа на 12 примероци млеко во овие ланци на супермаркети, која индицирала сериозно преминување на дозволените граници.
„Спорната состојка е пронајдена кај трајното млеко на „Дукат“ со 3,8 % млечни масти и во млекото на „Меркатор“ од Тузла со 2,8 % млечни масти, потоа во трајното млеко на „Лидл“ од БИХ со 2,8 отсто млечни масти како и во млекото „Мегле“ , каде дури седум пати е зголемена границата, односно 2,8 % млечни масти, афлатоксин од дури 0,3 микрограми.