НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Произведувајте повеќе горива и не бидете алчни за профит, им порача Бајден на американските нафташи

0
By Sashko on June 15, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на САД, Џо Бајден, во писмо испратено денеска до американските нафтени компании, повика на зголемено производство на бензин и дизел, критикувајќи ги дека прават профит во време на војна меѓу Русија и Украина, додека Американците се погодени од превисоките цени на бензинските станици. 

„Тешкотијата во која семејствата се наоѓаат бара непосредна акција. Вашите компании треба да се ангажираат со мојата администрација да се донесат конкретни, среднорорчни решенија за справување со кризата“, напиша Бајден во писмото испратено до седум нафтени компании – Marathon Petroleum, Valero Energy, ExxonMobil, Phillips 66, Chevron, BP и Shell. 

Цените на горивата во САД се рекордно високи и изнесуваат околу пет долари за галон во просек (eден галон е 4.54 литри). Ова претставува економски товар за голем дел од популацијата и политичка закана за демократите, партијата на претседателот, кои се подготвуваат за конгресните избори во ноември.  

Инфлацијата што, исто така, почна лани со опоравување на економијата на САД од пандемијата, во изминатите месеци не запира со растот откако цените на енергенсите и храната се зголемја по инвазијата на Русија на Украина при крајот на февруари, а тоа ги наруши глобалните пазари на суровини и храна.  

Бајден во писмото напоменува дека во март, кога барел нафта чинел 120 долари, цената на горивата била 4.25 долари за галон, додека сега е поскапа за 75 центи, причинето од намаленото производство, со што профитите на компаниите „сега се на рекордно забележано ниво“. 

Бајден истакна дека рафинериите акумулираат капитал во несигурен период на војна. Тој објасни дека нафташите се алчни за профит, а тоа предизвикува високи цени. За економистите ова контраверзна оценка, иако се смета дека е поврзано со угодување на електоратот. 

„Владимир Путин, без соменение, е најодговорен за големата финансиска мака во која се наоѓаат американскиот народ и семејствата во САД. Но во време на војна што ги зголеми цените на горивата за 1.7 долари за галон, историски високите маргини на профит ја усложнуваат маката“, напиша тој. 

Претседателот испрати остра критика за она што тој смета деке е правење ќар во време на глобална криза која може да ја втурне Европа и останати делови од светот во светска рецесија. За време на говор во петокот тој изјави дека компанијата ExxonMobil „годинава заработиле повеќе пари од Господ“. Компанијата одговори дека веќе почнала со инвестиции за зголемено производство на нафта. 

Во писмото, претседателот рече дека администрацијата е спремна „да ги употреби сите рационални и соодветни алатки на федералната влада како и надлежностите за вонредни околности за да се зголеми капацитетот на рафинериите и производството во среден рок, и да се осигира секој регион од земјата да биде соодветно снабден“ со горива.  

Се наведува и дека владата веќе испуштила нафта од американските стратешки резерви и ги зголеми стандардите за повеќе етанол но ниту една од тие мерки не придонесе намалени цени.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.