НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На млада пациентка со леукемија пресадени матични клетки од несроден дарител, го барале со месеци

0
By НОВА ТВ Balaban on June 16, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Благодарение на кампањата за зголемување на бројот на несродни донори на матични клетки „Биди срцевина, биди херој“, по неколку месечно побарување, обезбедивме соодветен несроден донор, генски идентичен, кој се пријавил во регистарот.

На ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија беше извршена трансплантација на крвотворни матични клетки на пациентка со акутна миелобластна леукемија од несроден донор од Македонскиот дарителски регистер за коскена срцевина. Со оваа трансплантација оваа млада жена има можност да продолжи со животот.

Благодарение на кампањата за зголемување на бројот на несродни донори на матични клетки „Биди срцевина, биди херој“, по неколку месечно побарување, обезбедивме соодветен несроден донор, генски идентичен, кој се пријавил во регистарот. Пациентката немаше друг фамилијарен донор. Хуманоста и високата свест за донација се основен мотив за спасување на млад човечки живот кој боледува од тешко малигно – хематолошко заболување. Тимовите за трансплантација и дарителскиот регистер прв пат учествуваат во зафатот кога се трансплантираа матични клетки од македонски несроден донор кои веруваме дека ги зголемуваат шансите да се спаси животот на пациентката на Клиниката за хематологија, соопштија од УК Клиника за хематологија.

Македонскиот дарителски регистер за коскена срцевина (МКДРКС) е основан во рамките на Институтот за имунобиологија и хумана генетика, на Медицинскиот факултет во Скопје во 2010 година и од 2013 година е рамноправен член на Свтеската асоцијација на донори на коскена срцевина (WMDA). Во него членуваат засега само 5000 доброволни дарители. Секој од нив, утре на некој од нас може да ни го спаси животот. Затоа, уште еднаш апелираме до сите здрави лица на возраст од 18 до 55 години да станат дел од дарителскиот регистер и да помогнат во третманот на пациентите на кои им е потребно лекување со трансплантација на крвотворни матични клетки од несроден донор.

Бидете хумани!

ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија од 15 септември 2000 година е активно вклучена, во трансплантација на матични клетки, а реализирани се вкупно 655 интервенции. Од 2018 година на Клиниката воведе две нови услуги во македонското јавно здравство, трансплантација на крвотворни матични клетки од несроден донор како и полуидентични трансплантации, кои предходно се реализираа исклучиво во странство. Се подигна квалитетот на јавното здравство и Република Северна Македонија влезе на мапата на светски и европски медицински центри за лекување на најтешките заболувања на крвта. ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија, во интерес на пациентите но и на државниот буџет, заштеди средства кои беа наменети за за лекување во странство во износ од 1.5 до 2 милиони евра годишно. Во изминатите 4 (четири) години се реализирани вкупно 216 трансплантации, додаваат од Клиниката за хематологија.

Многу е важно да се истакне дека со воведувањето на овие методи, за првпат во нашата држава, експертските тимови од Клиниката за хематологија и Дарителскиот регистер, поради професионалниот рејтинг и кредибилитетот, од земјите на Европската Унија добија орган-матични хематопоетски клетки за трансплантирање.

 

Клиниката за хематологија матични клетки млада пациентка пресадени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.