Велика Британија денеска воведе санкции за неколку руски државјани вклучително и за московскиот патријарх и на цела Русија, Кирил.
Санкциите за патријархот Кирил се воведени поради неговата поддршка на воената операција во Украина, се наведува во соопштението на британското Министерство за надворешни работи.
На списокот санкционирани, ставена е и руската комесарка за права на детето Марија Љвова-Белова поради, како што се наведува, принудниот трансфер на украинските деца, пренесува Ројтерс.