НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Средба на министри за одбрана во НАТО: Зајакнување на источното крило и зголемена поддршка за Украина

0
By Sashko on June 16, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министрите за одбрана на земјите членки на НАТО разговараа за зголемување на бројот на силите на Алијансата на исток и со нетрпение очекуваат дополнителни изјави за зајакнување на источното крило на Самитот во Мадрид од 28 до 30 јуни.

„Министрите денеска разговараа за зајакнување на одбраната и одвраќањето, особено на источното крило. Голем број на земји веќе изразија подготвеност за засилување на своето присуство, но со нетрпение очекувам понатамошни одлуки на самитот“, рече генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„За самитот, НАТО ќе подготви нов одбранбен модел, вклучувајќи го и источното крило, што ќе биде одобрен од лидерите на Алијансата на самитот, рече тој. Новиот модел на одбрана ќе вклучува зголемено присуство, зголемена команда и контрола и прераспоредување на оружје и сили“, додаде Столтенберг.

Од почетокот на војната во Украина, земјите на НАТО распоредија десетици илјади војници на источното крило на Алијансата и тоа ќе продолжи, изјави шефот на Пентагон, Лојд Остин на прес-конференција по состанокот.

„Нашите сојузници прибегнаа кон одбранбениот план на НАТО со активирање на одбранбените капацитети на Алијансата, распоредувајќи десетици илјади војници на источното крило“, рече шефот на американската одбрана на прес-конференцијата по разговорите меѓу началниците за одбрана на Алијансата во Брисел.

„Бевме принудени да преземеме акција за која сите се надеваа дека никогаш нема да бидат потребна“, рече Остин, нагласувајќи дека Алијансата останува обединета.

Полска предложи зголемување на буџетот на НАТО, изјави за новинарите министерот за одбрана на земјата, Мариуш Блашчак, по состанокот на воените лидери на НАТО во седиштето на алијансата.

„Буџетот на Северноатлантската алијанса сега е помал отколку што беше во раните 90-ти години. Денес НАТО има 30 членки, а 40 можат да се наречат земји партнери. Во тоа време во НАТО имаше 16 земји-членки. Денес се води војна токму на границите на земјите од НАТО, додека тогаш немаше војна“, истакна Блашак.

Северноатлантската алијанса е „блиску“ до прифаќање на две нови членки, рече шефот на Пентагон, Лојд Остин.

Тој ја нарече „историска“ одлуката на Финска и Шведска да влезат во НАТО.

Претходно Столтенберг рече дека на Самитот во Мадрид НАТО ќе усвои сеопфатна програма за поддршка на Украина за повторно вооружување на армијата со оружје на НАТО и за приближување кон Алијансата.

„На самитот за две недели, лидерите ќе одобрат нов сеопфатен пакет помош за Украина што ќе и помогне да премине од постсоветско кон современо вооружување на НАТО и да се приближи до Алијансата“, рече тој.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.