НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Макрон: Украина сама ја носи одлуката за територијални отстапки кон Русија

0
By Mirjana on June 17, 2022 СВЕТ
Фото: ft.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Украина мора сама да одлучи дали ќе прифати какви било територијални отстапки за Русија за да се стави крај на војната“, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон во интервју за телевизијата ТФ1 за време на посетата на Киев.

Францускиот претседател изјави дека Франција и Германија нема да водат разговори за примирје со Русија наместо Киев и дека Украина и нејзиното раководство треба да одлучат кога и под кои услови ќе ги продолжат разговорите со Москва.

„Ова зависи од Украина да одлучи“, рече Макрон, одговарајќи на прашањето кои отстапки, вклучително и на нејзината територија, Украина треба да ги прифати, пренесува Ројтерс.

Западот има договор да не и дава на Украина одредено оружје

Макрон изјави дека западните земји имаат договор да не и даваат на Украина одредени категории оружје, вклучително и напаѓачки авиони и тенкови, со цел да се избегне вмешаност во војната со Русија.

„Зборувате за неформален договор, но тоа е речиси официјалниот став на партнерите во НАТО. Ние и помагаме на Украина да се одбрани, но не влегуваме во војна против Русија. Затоа беше договорено да не се испорача одредено оружје. како што се авиони за напад или тенкови.„Претседателот Зеленски е запознаен со овој договор“, им рекол Макрон на украинските новинари, пренесува „Укринформ“.

Не исклучувам посета на Русија, но со предуслови

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека не ја исклучува посетата на Русија, но дека мора да се создадат услови за тоа.

„За да одиме во Русија мора да се создадат предуслови, но не исклучувам ништо“, изјави Макрон во интервју за телевизијата TF1, одговарајќи на прашањето дали планира да ја посети Москва, пренесува РИА Новости.

ЕУ бара начин за извоз на жито од Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Европската унија работи на алтернативен пат за извоз на украинско жито и жита преку Романија.

„Одеса е оддалечена неколку десетици километри од Романија“, изјави Макрон вчера во интервју од Киев за францускиот ТВ канал TF1, пренесува Си-Ен-Ен.

Макрон Украина сама одлучува за територијални отстапки кон Русија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.