Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Отворен круг“ на Лилјана Мазова дел од 39. Млад отворен театар

0
By Нова ТВ on September 26, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 26, 2014 14:31

Kнигата „Отворен круг” на театарската критичарка, новинарка и публицистка, Лилјана Мазова ќе биде презентирана на 25 септември во МКЦ, а воедно ќе биде дел од Програмата на 39. Млад отворен театар.

Мазова вели книгата претставува соочување со себе, со нив, со времето и со меморијата.

– Отсекогаш сум се чувствувала сигурна во тој наш театарски отворен круг. Никогаш како некој „од надвор“. Во театарот имам прекрасни пријатели со кои можам да бидам бескрајно долго. Дома и на разни патувања по светот. Млади или помалку млади соговорници за нивната и моја љубов – театарот, за нивната и моја работа – театарот. Во едно интервју ме прашаа дали сонувам театар? Одговорив дека е премногу од мене да се очекува и да сонувам театар. Знам дека тешко заспивам по лоша претстава, вели Лилјана Мазова.

– Поделеноста на четири дела: ПИСМА ДО (Мите Грозданов, Огнен Дранговски, Васил Зафирчев, Снежана Конеска – Руси, Дарја Ризова, Драган Спасов – Дац, Никола Ристановски), ТИЕ СЕ (Љубиша Георгиевски, Мушереф Прекиќ – Лозана, Љубица Остојиќ, Јоана Поповска, Емил Рубен, Слободан Унковски, Љупка Џундева), ЗА НИВ (Митко С. Апостоловски, Салаетин Билал, Ацо Јовановски, Младен Крстевски, Димче Мешковски, Петар Мирчевски, Благоја Спиркоски) и ОТПОСЛЕ (Бранко Ѓорчев (1962-2013), Мери Бошкова (1924-2014), Тодорка Кондова-Зафировска (1926-2001), Тодорче Николовски (1902-1999), Ненад Стојановски (1952-1998), Кирил Ристоски (1948-2011), Коле Чашуле (1921-2011)) или на 7 + 7 + 7 + 7 е мој авторски предизвик. Го сакам бројот 7. Носи среќа, искреност. За бројот 7 се врзани многу нешта во светот – од неговото постоење, потенцира таа.

Писателот Јордан Плевнеш анализирајќи ја книгата и творештвото на Мазова, професионалниот однос и љубовта кон театарот вели:

„Театарската, културната и читателската публика Лилјана Мазова ја знае со години/децении како новинарка, театарска критичарка, публицистка, колумнистка и авторка на книги за театарот во кои обработува различни теми/области од театарот. Приредила и изданија кои на културата, театарот и читателот му овозможуваат блискост со драмското писмо на автори од други простори (Словенија, Бугарија, Босна и Херцеговина…).

Како сведок на децениските настани во театарот во Македонија и во светот, во „Отворен круг“ сместува дел од својата меморија за создавачите на театарот, најмногу оние кои се најблиску до публиката – актерите. Со став за нив во форма на прозни записи.

Не ја крие приврзаноста и поврзаноста со нив. Ја отвора меморијата низ настани кои излегуваат од нејзиниот „момински ковчег“ во кој се само и само настани, ставови, случувања или уште којзнае што од она што неа ја изградило во автентичен сведок на големата македонска театарска меморија.

Навикнати да ѝ ги читаме рецензиите за претстави, драми, режисери, актери…, сега ни ја открива и поврзаноста со нив, она за што не пишувала. Отворена е кон творецот на кој му се обраќа за нам, на читателите, тие да ни станат уште поблиски. Оние коишто ги „премолчила“, ги сокрила во себе и еве ги сега низ „играта“ со бројот 7 (седум). Читаме „приказни“ кои се од нејзината театарска приказна на пишувач, неуморен театарски критичар и истражувач. Во нив ѝ се и верноста и љубовта кон театарот, со став до каде и како да ни го открие творецот и себеси во заедничката „љубовна приказна“ – Театар“, напиша Јордан Плевнеш за книгата и за личноста на Мазова.

Во презентација на книгата „Отворен круг“ ќе учествуваат Снежана Конеска – Руси, Никола Ристановски, Дарја Ризова, Емил Рубен, Драган Спасов – Дац и Васил Зафирчев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.