Компанијата ги повлекла производите по ДНК тестовите кои докажале дека во нив има присуство на коњско месо.
Компанијата вчера соопшти дека открила повеќе од еден процент коњско месо во равиолите и тортелините Буитони. Покрај овие два производа, повлечени се и замрзнатите месни производи наменети за кетегеринг во Франција. Минатата недела нивни производи беа повлечени и од маркетите Лидл во Финска и Шведска откако тестови потврдија присуство на коњско месп.
Скандалот со коњско месо кое се продава како телешко започна прв пат изби годинава во Британија. Коњското место беше пронајдено во замрзнати лазањи на фирмата Финдус со седиште во Шведска, а произведени во Франција со месо снабдено од фирмата Спангхеро.