НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Денко Малески: Политичарите немаат право да креваат раце од тешките прашања, како што е ова со Бугарија

0
By Соња Крамарска on June 18, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Универзитетскиот професор и бард на македонската дипломатија Денко Малески, е еден од неколку соговорници на НоваТВ, од кои во пресрет на јунскиот состанок на Европскиот совет побаравме став дали во случај на уште еден неуспех да почнат преговорите со ЕУ, Македонија треба да ги продолжи разговорите со Бугарија, или да дигне раце од нив како што заговараат високи политички кругови во Скопје.

Во врвот на државата има само тешки прашања за решавање. Лесни нема. Политичар кој ќе рече дека му е доста од тешки прашања, не ја разбрал својата улога. По овој повод, без лажна скромност, сакам да укажам како јас се носев со тешките прашања, кога веќе никој не истражува кој што лично направил. Имавме неколку такви тешки прашања во Македонија од независноста наваму. Раздружувањето од федерацијата е првото. Се определив за политика на мирољубиво самоопределување како пат до нашата независност и сите чекори на македонската надворешна политика беа согласно оваа одлука. На крајот, со многу труд и малку среќа државата ја стекна својата независност на мирен начин.

Второто прашање беше спорот со Грција. Емотивната тема врзана за името на нашата држава стана плен на ривалските партии кои, без елементарен талент за договор и без државничко искуство, го злоупотребуваа спорот за изборни победи цели триесет години. Моја задача како минстер за надворешни работи беше да предупредам дека излезот е само во компромис на кој треба да работиме со сите усилби за да биде поволен за нас. Таквиот став немаше поддршка ниту кај партиите ниту кај политичарите а уште помалку кај народот, но се држев до него како нешто што е најдобро од сите лоши решенија во меѓународната политика.

Третото прашање беше интеграцијата на бројната албанска заедница во политиката на државата, повторно преку компромиси кои значеа ширење на правата на Албанците како гаранти за нивната лојалност кон заедничката држава. Уште во првите години од независноста се изјаснив и по ова тешко прашање во прилог на индивидуалните и колективните права на малцинските заедници. Ставот не беше ни малку популарен. Мнозинството во политиката и кај македонскиот народ беше против па за малку ќе завршевме во граѓанска војна.

Четвртото тешко прашање беше спорот со Бугарија за што се изјаснив како интелектуалец обврзан пред својот народ да ја соопшти вистината, пред да бите ставено ветото од Бугарија. Поаѓав од фактот дека ветото треба да се избегне со компромис зашто кога еднаш ќе се стави вето „,млекото е веќе скиселено“. Реакцијата на она што го кажав беше уште пострашна од претходните реакции на мои кажувања во нашата понова историја. Да се бега од тешки прашања е недостоинствено како за политичарот така и за државата.

Политичарите немаат право да креваат раце од решавање на тешките прашања, како што е ова со Бугарија. Единствениот избор кој го имаат е да поднесат оставка.

Денко Малески

Денко Малески Европски Совет спор со Бугарија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.