НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уште една придобивка од „Отворен Балкан“ – поевтини патарини, побрзи и безбедни патишта

0
By НОВА ТВ Mitreska on June 18, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На последниот самит „Отворен Балкан“ во Охрид беше договорено да се воспостави единствен систем за електронска наплата (ENP) во три земји – Србија, Северна Македонија и Албанија. Возачите наскоро патарината ќе ја плаќаат електронски, со уникатен ТАГ уред, што треба да биде уште едно олеснување кое е иницирано во рамки на оваа иницијатива, јави дописникот на МИА од Белград.

Според „Патишта на Србија“ имплементацијата на новиот систем се очекува до крајот на летната сезона.

„Отворент Балкан – електронска наплата“ (Open Balkan ETC) е акција за воспоставување единствен електронски систем за наплата на патарина во овие три земји, а во „Патишта на Србија“ напоменуваат дека ENP системите се базираат на истата технолошка платформа, DSRC – директна комуникација со краток дострел.

– Корисниците на електронскиот уред за наплата ќе можат да го користат постојниот ENP уред со негова реконфигурација и регистрирање на својата платежна картичка на едно од продажните места. ENP уредот ќе биде поврзан со платежната картичка на корисникот, додека самиот корисникот ќе може да избере дали ќе наплатува средства во национална или во странска валута, објаснуваат во „Патишта на Србија“.

Според сегашниот предлог, предвидено е граѓаните на Србија во  Македонија и Албанија да добијат попуст од 5 отсто со користење на овој уред и реципрочно за граѓаните на Македонија и Албанија.

– За воведување на овој систем, кога станува збор за земјите учеснички, односно јавните претпријатија кои се занимаваат со наплата на патарина, потребни се соодветни технички и организациски подготовки на кои во моментов активно се работи, а кои вклучуваат вчитување на нови кодови на антени за читање на ТАГ уредите и друго. Потоа системот ќе биде тестиран, а почетокот на апликацијата се очекува во текот на летната сезона, велат во „Патишта на Србија“.

Оттаму, додаваат и дека единствениот систем на патарина ќе ја зголеми безбедноста во сообраќајот и ќе го намали метежот на автопатите.

Новиот начин на плаќање на патарина треба да го растовари и протокот на возила на наплатните рампи, а предност за граѓаните е што нема да чекаат во редици во шпицот на сезоната и што побрзо ќе стигнат до посакуваната дестинација.

отворен балкан патарина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.