Во Јадранското Море се појави нов вид медуза, потврдија од Центарот за истражување на морето во Ровињ.
На северот на Јадранот се појавила таканаречената компас медуза, која е квалификувана како Chrysaora hysoscella.
Овој вид медуза живее во Атлантскиот Океан и во Средоземното море, појаснуваат од Центарот, а се карактеризира со жолто-кафеав меур, кој потсетува на компас.
Пипалата на оваа медуза, која може да порасне и до 30 сантиметри, може да се долги и до 1 метар.