НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

#NotInMyName против религиозниот екстремизам

0
By Светлана Јовановска on September 27, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Ако хаштагот #NotInMyName го отворите на Твитер ќе ја видите видео кампањата на британската невладина организација Active Change Foundation (ACF) која се бори против религиозниот екстремизам.

«Вашиот шеф ве лаже», «Ова што го правите е нехумано», «Мојата религија е толерантна кон секој човек но вие, вие не ја почитувате!». Ова се слоганите на видео кампањата која веќе десетина дена може да се најде на социјалните мрежи. Во видеото млади британски муслимани пред камера и со натпис во рацете, ги осудуваат акциите на организацијата «Исламска држава» која, според нив, е многу далеку од толерантниот ислам.

Според Ханиф Кадир, претседател на ACF (човекот со брада на видеото) «на младите муслимани од Британија им се смачено од пропагандата на омраза која ја шират терористите на «Исламската држава» на социјалните мрежи. Лути се што ги гледаат тие криминалци кои ги користат овие мрежи за да ги радикализираат младите и во нивно име и во име на исламот да шират насилни говори».

«Овие терористи не се вистински муслимани, тие не ги следат исламот и мирот и тие се непријателите на човештвото», вели Кадир кој им се обраќа на оние кои посакуваат да му се придружат на џихадизмот: «Размислете. Далеку сте од вистината. Вратате им се на книгите и на Куранот».

Кампањата ги повикува муслиманите на «твитуваат» и на тој начин да објаснат зошто не се препознаваат во «Исламската држава».

Криминалот што го вршат во последните недели припадниците на оваа џихадистичка организација го шокираа светот. На 11 септември оранизацијата «Репортери без граници» го осуди криминалот на оваа група терористи и ги повика да ги ослободат сите новинари и цивили кои се наоѓаат во нивни раце. На овој текст му се придружија и многу муслимански организации помеѓу кои и Големата џамија од Париз, Унијата на исламските организации во Франција, која инаку е блиска до Муслиманските браќа, Меѓународната унија на муслимански научници од Катар, Советот на индонезиските муфтии и британскиот Муслимански совет.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.