НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Темата избори за власта е затворена до 2024 година, опозицијата најави нови протести

0
By Sashko on June 21, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ВМРО-ДПМНЕ најави целосна блокада на институциите, патиштата и на целата држава доколку власта не се согласи на предвремени парламентарни избори. За власта, пак, темата за избори е затворена до 2024 година и го повикаа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да се откаже од блокадите.

Од власта повикуваат на разум и нагласуваат дека ВМРО-ДПМНЕ сега треба да покаже одговорност и конструктивност.

Според Мартин Костовски, пратеник од редовите на СДСМ, сега, откако темата за парламентарните избори е затворено прашање до 2024 година, Мицкоски треба да се откаже од натамошни блокади и опструкции.

„Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, треба да покажат одговорност и конструктивност, законските решенија за граѓаните и помош во време на криза да бидат усвоени. Примери низ светот има бројни, во време на глобална криза, опозицијата и власта треба заедно да работат во интерес на граѓаните, а не опозицијата да блокира, да кочи и опструира. Затоа повикуваме на разум, ВМРО-ДПМНЕ сега треба да покаже конструктивност, да почне да работи за интересите на граѓаните, наместо за личните амбиции на Мицкоски“, рече вчера Костовски на прес-конференција.

Граѓаните, како што кажа, во овој чувствителен период од сите политички субјекти со право очекуваат одговорност, работа и посветеност во надминување на последиците од глобалната криза. Впрочем оваа порака граѓаните му ја испратија директно на Христијан Мицкоски со дебаклот на митингот и слабиот одѕив. Јасна е пораката на граѓаните до Мицкоски – не сакаат блокади и опструкции туку очекуваат одговорност од сите партии, заклучи Костовски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера најави протестно лето и активна блокада на Парламентот. На есен, како што посочи ќе има нов сет на чекори.

„За ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата и огромно мнозинство граѓани, прашањето за предвремени парламентарни избори не е затворено. Продолжуваме со нашиот активизам, ќе имаме протестно лето и активна блокада во Парламентот. На есен ќе има нов сет на чекори, ќе биде динамично, а одговорноста за сето ова ќе ја има Владата“, изјави Мицкоски. Според него, мандатот на оваа Влада се ближи кон својот крај. Порано или подоцна, вели тој, крај ќе дојде.

Премиерот Ковачевски и во неделата по завршувањето на средбата со коалициските партнери во Владата изјави дека предвремени избори нема да ги решат проблемите, туку ќе ги продлабочат. Со овој став се согласни сите коалициски партнери.

„Следните парламентарни избори ќе се одржат во редовниот термин во 2024 година. Политичкиот дијалог со опозицијата околу прашањата од највисок национален интерес треба да се одвива на конструктивно ниво во рамки на демократски избраните институции. Уцените за предвремени избори и обидите за блокада на законодавната власт ги оценуваме како неразумни“, потенцира Ковачевски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.