Домот на бугарскиот премиер Кирил Петков од утрово е под блокада на приврзаници на ВМРО. Целта на блокадата, како што велат, е да го спречат Петков да оди на работа.
„Причината поради која што сме тука е бидејќи сакаме да слушнеме од премиерот одговори на прашања кои мислиме дека се важни во однос на двојната надворешна политика кон Северна Македонија“, рече Џамбаски кој патем јавно го праша Петков кога планира да поднесе оставка.
„Сакам што било како предлог да биде разгледано на отворена седница и да се запознае бугарското општество. Во моментов, сепак, гледам одложување на Комисијата за надворешни работи. Во предлогот гледам крајно слаба гаранција во истечените текстови. Јас лично не видов ништо официјално напишано“, рече европратеникот.
„Во моментов гледаме одложување, губење време, тактички потези во поглед на гласањето за недоверба. Тоа што предлогот не е разгледан и прикажан ми покажува дека господинот Петков се плаши да го поднесе, бидејќи се плаши од ескалација пред гласањето“, додаде Џамбаски.