Ракетите „Сармат“ ќе бидат дел од арсеналот на руската армија до крајот на оваа година, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин.
„Извршено е успешно тестирање на тешката интерконтинентална балистичка ракета „Сармат“. Планирано е првиот комплекс да биде ставен во употреба во армијата до крајот на годината“, рече Путин за време на говорот пред кадетите од воените средни училишта во Кремљ.
Според карактеристиките, дометот и брзината на летот, ракетата „Сармат“ нема пандан во светот. Може да напаѓа цели преку Северниот и Јужниот Пол, совладувајќи ги системите за ракетна одбрана, а исто така може да погоди цели насекаде во светот, тврдат руски експерти.