НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обдукциските резултати од Матеј Периш покажале присуство на дрога и алкохол

0
By Mirjana on June 21, 2022 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Околностите што му претходеа на исчезнувањето на 27- годишниот Матеј Периш, изјавата на лицата кои пред исчезнувањето биле во негово друштво, со извршените проверки и обдукцискиот наод, не укажуваат дека неговата смрт е поврзана со некаков вид на насилство.

Имено, во обдукцијата што ја изврши Институтот за судска медицина по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, констатирано е дека на телото на Матеј Периш нема повреди на коските на главата, вратот, трупот или екстремитетите.

Истовремено, резултатите од токсиколошките анализи покажаа присуство на токсични концентрации на амфетамини во крвта и органите, во присуство на етил алкохол. Исто така, во примерокот од косата се откриени траги од кокаин и бензоилекгонин, соопшти Вишото обвинителство.

Комисиското вештачење го извршија тројца вештаци, специјалисти по судска медицина, јавуваат српските медиуми.

Откако Вишото јавно обвинителство ги објави резултатите од токсиколошките анализи на телото на Матеј Периш, се огласи и неговиот татко Ненад Периш.

Жал ми е што камерите не работеа, а Матеј ја однесе тајната во гроб. Не знам што се случи во „Готика“ , не знам зошто се дрогирал, зошто излезе и трчаше. Мислам дека тоа беше несреќен случај, изјавил таткото на Матеј, Ненад Периш, пренесуваат српските медиуми.

матеј периш обдукциски фрезултати присуство на дрога и алкохол
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.