Центарот за управување со кризи информира дека денеска во драматична спасувачка акција се спасени два велосипедиста, дехидрирани и во лоша состојба, кои што после скопското село Кожле, се изгубиле во пределот со многу патчиња, барајќи ја старата црква и гробишта надвор од селото.
Акцијата за спасување е координирана и во директна комуникација на ЦУК со изгубените и со припадниците на Министерството за внатрешни работи и со Брзата помош.
Конкретно, денеска во еден од најтоплите денови во овој период, преку 112, по добивањето на информацијата околу 15.00 часот, од Секторот за операции и координација во ЦУК веднаш биле активирани искусните оперативни дежурни работници од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) на Град Скопје.
Оперативците од ЦУК биле во постојана комуникација и со тимот полицајци на терен и со изгубените велосипедисти кои што покажувале се повеќе и поголеми знаци на голема дехидрираност што се детектирало и преку ослабениот говор при комуницирањето преку телефон. Тимот полицајци само до некаде можел да оди со теренско возило, а потоа два припадника на полицијата продолжиле пешки да трагаат по изгубените, со кои стапиле во телефонски контакт.Изгубените велосипедисти се пронајдени околу 16:00 часот.