Најпознатиот светски параолимпиец Оскар Писториус денеска повторно ќе се појави пред суд, се очекува да му биде соопштено дали ќе биде пуштен на слобода со кауција.
Одбраната веќе најави дека ќе постави такво барање, но бидејќи е обвинет за убиство со предумисла, тоа ќе биде доста тешко.
Обвинителството вчера докажа дека Писториус со предумисла ја убил својата девојка. Тој неконтролирано плачеше додека го слушаше тоа.
Обвинителствоо тврди дека однапред се наоружал и дека си ги ставил протезите на нозете. Рив дошла да преспие кај него, а тој ја застрелал. Па и доколку мислел дека е крадец и го застрелал и тогаш ќе одговараше за убиство, рече обвинителот.
Писториус изјави дека ја сакал својата девојка и не би ја убил.