Најмалку 950 лица ги загубија животите во земјотресот што утрово ја погоди авганистанската провинција Пактика, соопштија официјални лица, што е речиси четирикратно повеќе во однос на првичните извештаи.
Раководителот на управата на талибанската влада за управување со катастрофи информира дека и бројот на повредени граѓани се искачил на 610.
Американскиот геолошки институт соопшти дека епицентарот на потресот со јачина од 6,1 степени по Рихтер бил на околу 44 километри од градот Хоста, на југоистокот на земјата, на длабочина од 51 километар.
Неколку помали афтершокови по силниот земјотрес се почувствувале во радиус од околу 500 километри во Авганистан, во Пакистан и во Индија, објави Европскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).