Во цела Русија денеска се одбележува Денот на сеќавање и тага, во спомен на денот кога нацистичка Германија го нападна Советскиот Сојуз пред 81 година.
Во крвопролевањето кое траеше 1.418 дена животот го загубија 26,6 милиони граѓани на тогашниот СССР.
Рускиот претседател Владимир Путин во текот на денот ќе положи венец на гробот на Непознатиот херој во Кремљ, соопшти прес-службата на претседателот на Русија, пренесе Спутник.