НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Основците одликаши станаа „тројкаши“  на уписот во гимназијата „Орце Николов“

0
By Соња Крамарска on June 22, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во скопската гимназијата „Орце Николов“ во првиот уписен рок конкурираа за слободните 252 места речиси 300 основци од кои сите беа со одличен успех и ист број на поени, поради што мораше да полагаат тестови по македонски јазик и по математика за целата материја од шесто до деветто одделение за да се запишат во ова престижно средно училиште.

Резултатите кои излегоа доцна вечерта покажаа дека овие одлични ученици не покажаа толку добар успех и на приемните тестови.

Според објавените резултати од тестирањето на 292-ца ученици, што ги објави Телма, само 11 ученици оствариле повеќе од 76 отсто од вкупно 170 бодови од тестот, односно имале 130 бодови и повеќе. Само толку од нив, според критериумите за одличен би биле одлични по тестот.

Разочарувачки е што овие одлични ученици со сите петки од шесто до деветто одделение не ги освоија максималните 170 бодови на тестот, туку максималниот број на освоени бодови бил 152, што пак е 90 отсто успешност.

Вкупно 40 ученици, колку што биле прекубројни на пријавувањето, добиле незадоволителни резултати на тестот односно иако во основно биле со сите петки, на тестот добиле недоволен 1. Тоа се деца кои имале под 45 бода или помалку од 26 отсто од бодовите на тестот.

39 ученици покажале многу добар успех на тестот според процентот за одговорени прашања на тестот, најмногу од пријавени 133-ца ученици имале резултат за оценка 3 –добар. Доволен успех или двојка добиле 70 завршени деветоодделенци.

Поразителните резултати на овие тестирања во популарната скопска гимназија „Орце Николов“ делумно се должат на тоа што оваа генерација основци седмото одделение од март 2020 година го завршија онлајн, како и целото осмо одделение кога во наставата им беа внесени клучните нови предмети физика и хемија кои се изучуваат четири години во оваа природно-математичка гимназија, коментираат родителите.

Од друга страна, евидентна е и попустливоста и нереалното оценување од страна на наставничкиот кадар кој пак годинава, три недели штрајкуваше за повисоки плати, а по договорот на СОНК со Владата, наставата  целосно не продолжи по редовен терк, бидејќи голем дел од наставниците во основните училишта, периодот во мај го искористија за едукативна размена преку Еразмус програмата па отсуствуваа од редовната настава поради патувањата надвор од државата.(Р.Н.)

гимназија „Орце Николов“ петки упис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.