Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во карипско мочуриште откриена најголемата бактерија на светот, колку човечка трепка е

0
By НОВА ТВ Balaban on June 24, 2022 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 24, 2022 09:44

Научниците ја открија најголемата бактерија во светот што може да се види и со голо око. Таа е најдена во карипско мочуриште на архипелагот Гвадалупе каде што расте мангрова дрво, објави денеска во списанието „Сајенс“ (Science). 3а илустрација, истражувачите ја споредуваат со паричка со просечна големина.

– Издолжената бела бактерија (со филаментозен облик) е голема колку човечка трепка, што ја прави најголемата бактерија позната досега, истакна Жан-Мари Волан, морски биолог од Националната лабораторија „Лоренс Беркли“ во САД и еден од авторите на трудот.

Оливие Грос, биолог на Универзитетот на француска Западна Индија и Гвајана, во 2009 година го пронашол првиот примерок на оваа бактерија, чие живеалиште се потопени лисја од мангрови дрвја. Бактеријата долга околу 0,9 сантиметри е наречена „Тиомаргарита магнифика“ (Thiomargarita magnifica) или – „величествен сулфурен бисер“.

Грос тогаш не знаел дека организмот е бактерија. Дури подоцна генетската анализа покажала дека организмот е една бактериска клетка.

Во мочуриштето тој ја пронашол бактеријата прикачена на школки остриги, камења и стаклени шишиња. Научниците сѐ уште не успеале да ја одгледаат бактеријата во лабораторија, но велат дека нејзините клетки имаат структура што не е вообичаена за бактериите.

Научниците не се сигурни зошто бактеријата е толку голема, но Волан шпекулира дека тоа би можело да биде поради нејзината адаптација – за да не ја јадат помалите организми.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.