Силно невреме проследено со дожд и со грмежи го зафати Белград попладнево околу 16 часот.
Поради силните врнежи поплавени се градските сообраќајници, објавија српските медиуми.
„Во следните два часа поројни врнежи со грмежи, град и невреме се очекуваат во областите Мачва и Колубара, со тенденција да се преместат над јужен Срем и Белград понатаму кон јужен Банат. Врнежите и грмежите ќе се зголемуваат со засилен ветер во источна и во југоисточна Србија (над 20 мм за кратко време), стои во најновото предупредување на РХМЗ.
View this post on Instagram
View this post on Instagram