Покрај редовната комуникација со амбасадата на Франција во земјава, министерот за надворешни работи Бујар Османи денес оствари телефонски разговор со кабинетот на претседателот Емануел Макрон, соопшти канцеларијата на Османи. Тој од Париз, како што се додава, добил уверување дека при употребата на придавката за граѓаните на Северна Македонија, направена е ненамерна грешка, потврдувајќи го притоа официјалниот став на Франција за целосно почитување на официјалното име на државата, државјаните на Северна Македонија, како и соодветните придавки, на начин како тие се дефинирани и прифатени во Обединетите нации, согласно Преспанскиот договор, соопштија од канцеларијата на министерот за надворешни работи. (С.К.)
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.