НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) Скандалозно однесување на Арбр Адеми – претседателот на Комисија за европски прашања со „краток фитил“

0
By Sashko on June 28, 2022 ВЕСТИ
Фото: printscreen
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вака се однесува претседателот на Комисијата за европски прашања, Арбр Адеми, напиша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Мите Лефков на неговиот Фејсбук профил, како дополнување на постираниот видео материјалот од реакцијата на поранешниот министер за образование и наука.

Пратениците од власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за инцидентот на собраниската Комисија за европски прашања, а својот став, преку соопштение, го сподели и претседателот на парламентот, Талат Џафери.

Од Кабинетот на Џафери соопштија дека веднаш била свикана координација на која биле поканети сите претставници на политичките партии во Собранието. Но, како што се наведува во дописот, се појавиле само Јован Митревски, координатор на пратеничката група на СДСМ, Горан Мисовски, потпретседател на Собранието, и пратеничката од „Алтернатива“, Сафије Садики Шаини, а не и претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и на Алијанса на Албанците.

Џафери, како што се посочува, ја свика координацијата по двочасовниот обид на членовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, со процедурални забелешки да се обидат да се спротивстават да се изгласа дневниот ред на Комисијата, кој на крајот, сепак, беше изгласан.

„На координацијата беше донесен заклучок дека собранискиот Деловник ги дава сите можности за работа на Собранието и не дозволува насилство во која било форма. На координацијата исто така се заклучи и тоа дека граѓаните самите ќе проценат од снимките кои се вртат по социјалните мрежи кој го предизвика инцидентот на Комисијата за европски прашања. Ниту во земјите членки на Европската Унија не се дозволува насилство врз претседавачот со седница на работно тело на Собранието“, се посочува во соопштението.

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Комисијата за европски прашања, чиј претседател е Арбр Адеми од ДУИ, се претворила во „комисија за Див Запад“ и оти не се почитуваат ниту Деловникот, ниту пратениците, ниту јавноста.

„Денешниот тек на седницата ескалираше во моментот кога претседателот на комисијата им оневозможи на пратениците Илми Азири, Халил Снопче, Дафина Стојаноска, мене, пратеникот Бране Петрушевски од Куманово и други, да го искористиме нашето деловничко право да предложиме пред да биде усвоен, измени и дополнувања на Дневниот ред. Ние имавме конкретен материјал и измените и дополнувањата сакавме да ги предложиме во насока на анализа на заклучоците од Брисел коишто се однесуваа на Македонија и се уште се актуелни“, изјави Милошоски.

Според него, на седницата на Комисијата се направила голема тензија кога Адеми почнал „освен со вербални напади, да фрла и со тврди предмети кон пратениците, да крши дел од собранискиот инвентар и да употребува разни вулгарности“ кон пратениците.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.