Огромен број на кавадарчани денес во општинската зграда трпеливо чекаа ред, да им биде земен брис, со цел да се најде компатибилен донатор на коскена срцевина за нивниот сограѓанин Марко Ташев.
„Денес кавадарчани по кој знае кој пат ја покажаа својата хуманост. Трпеливо чекајќи на ред и надевајќи се дека токму еден од нив ќе биде компатибилен донатор на коскена срцевина за Марко Ташев, кој боледува од имунолошка болест, напиша градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев на својот фејсбук профил.
Марко е на возраст од една година, и бидејќи никој од семејството не бил соодветен донор, родителите апелираа до јавноста да им излезе во пресрет и да им помогне.