Грешката што ги загрижи сите Американци, а ги запраша здравствените работници е како заболен од ебола успеал да влезе во собата за итни случаи во Далас минатата недела, а никој од вработените во болницата да не го праша дали неодамна патувал, кажува близок извор за Си-Ен-Ен.
Човекот којшто бил пренесен од Либерија во САД не им дал информации во болницата и ја напуштил веднаш, вели изворот. Портпаролот на болницата во Тексас изјави дека се води истрага за тоа дали заболениот бил испрашуван.
Два дена поминале откако човекот ја напуштил болницата и се вратил каде му било кажано дека има ебола по што веднаш бил изолиран.
Одговорните советуваат секој пациент кој има можни симптоми од ебола да се прашува за тоа каде патувал бидејќи поради оваа грешка можно е да се заразени уште неколку.
Вирусот се шири преку телесни течности. Тој не е како настинката или грипот, кои можат да се шират уште пред да се појават симптомите. Не се шири преку воздухот.
Пациентот во моментот е на интензивна нега во болницата во Тексас и е во критична состојба јавуваат од болницата.
Човекот се вратил од Либерија, што се смета за еден од центрите на ебола во Западна Африка, а се вратил во Далас за да ја посети својата фамилија. Четири дена подоцна заболениот почнал да се чувствува лошо, а веќе на 26-ти овој месец побарал лекарска помош.
Според Центарот за контрола и превенции на болести, секој кој патува со авион се регистрира пред поаѓање и пристигнување во Либерија, Гвинеја и Сиера Леоне, но бидејќи човекот рекол дека почнал да се чувствува болен неколку дена по слетувањето во САД, тестот најверојатно, ќе покажел дека тој нема ебола.




