Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Народна банка: Бруто надворешниот долг во првиот квартал е зголемен за 430 милиони евра

0
By Sashko on June 30, 2022 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 30, 2022 14:42

Бруто надворешниот долг на Македонија во првиот квартал во 2022 година изнесувал 9,997 милиони евра, што претставува квартално зголемување за 430 милиони евра, додека зголемување е забележано и кај бруто надворешни побарувања за 8 милиони евра и сега изнесуваат вкупно 5.917 милиони евра, покажуваат најновите статистички податоци на Народната банка.

„Поголемото квартално зголемување на обврските, во однос на побарувањата, доведе до зголемување на нето надворешниот долг за 422 милионa евра,
со што на крајот на март во 2022 година тој изнесува 4.060 милиони евра. Доколку од долгот се исклучи ефектот од специфичните активности за управување со девизните резерви на централната банка, бруто долгот бележи квартално зголемување за 486 милиони евра. Оваа квартална промена е резултат на зголемениот приватен долг (за 642 милиона евра), додека јавниот долг бележи квартално намалување (за 156 милиони евра). Растот на приватниот долг се должи на зголемениот долг на капитално поврзаните субјекти (за 428 милиони евра), приватните банки (за 128 милиони евра) и на небанкарскиот приватен сектор (за 86 милиони евра). Кварталното намалување
на јавниот надворешен долг од 156 милиони евра е резултат главно на намалувањето на долгот секторот „држава“ (за 145 милиони евра), како и намалувањето на долгот на јавните претпријатија и јавните банки (за 13 милиони евра)“, се вели во соопштението на Народна банка.

Негативната нето инвестициска позиција на земјата на крајот на март изнесувала 7.789 милиони евра или 58,5 отсто од Бруто домашниот производ (БДП).

Бруто надворешните побарувања на крајот на првиот квартал од 2022 година, изнесуваат 5.917 милиони евра или 44,4 отсто од проектираниот БДП и забележаа квартално зголемување од 8 милиони евра или за 0,1%, додаваат од Народна банка. 

„Доколку се исклучи ефектот од специфичните активности на централната банка поврзани со управувањето со девизните резерви, бруто надворешните побарувања се зголемени за 40 милиони евра и изнесуваат 5.915 милиони евра. Оваа квартална промена е резултат на зголемените приватни побарувања за 438 милиони евра, при намалени јавни побарувања за 398 милиони евра.
Кварталниот раст на надворешните побарувања кај приватниот сектор е резултат на зголемените побарувања на капитално поврзаните субјекти (за 397 милиони евра) и небанкарскиот приватен сектор (за 73 милиони евра), при намалени побарувања на приватните банки (за 33 милиони евра)“, се наведува во дописот на Народна банка.

На 31 март 2022 година, посочуваат од Народна банка, нето надворешниот долг изнесува 4.060 милиони евра (или 30,5% од проектираниот БДП).

„Нето надворешниот долг на земјата во првиот квартал од 2022 година е зголемен за 422 милиона евра или за 11,6%. Од аспект на структурата, приватниот нетодолг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 58%“, објавија од Народна банка.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.