НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонска филхармонија: Отварање на концертна сезона со врвни солистички имиња

0
By Нова ТВ on October 2, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Врвни солистички имиња, диригенти, програми интересни и за публиката и за оркестарот, најавува Македонската филхармонија за претстојната нова сезона 2014/15 што почнува вечерва со спектакуларен концерт на кој ќе настапи солистот Даниел Милер-Шот под диригентство на маестро Борјан Цанев.

Филхармонијата годинава одбележува јубилеј, 70 години постоење, а сезоната ја стартува со нов имиџ – женскиот дел од оркестарот, првпат, ќе биде унифицирано облечен, во фустани креирани од дизајнерката Тања Кокев.

– Се обидовме да направиме атрактивна сезона бидејќи Македонската филхармонија со седум децении симфониско музицирање, го заслужува тоа. Флејтистот Емануел Пају, мецосопранот Ан Халенберг, Сергеј Накариаков, Тео Георгиу, Акико Суванаи, Сергеј Крилов,…, нашите солисти Владимир Костов, Игор Дурловски, ќе бидат само некои од нашите гости, рече директорката Маја Чанаќевиќ денеска на прес-конференција.

Филхармонијата ќе има можност повторно да работи со диригентите Емил Табаков, Урош Лајовиц, Кристијан Мандеал, Пол Меккриш,…, и нашите Цанев и Саша Николовски – Ѓумар.

– Концептот сезонава ќе биде малку поразличен. Наместо циклусите „виртуози“, „кирилица“, „лауреати“, ќе има наслов за секој концерт кој ја наговестува темата, „Месечина и минимализам“, „Ах тие летни ноќи“, „Бурлеска“,…, истакна Чанаќевиќ.

Нестандардните симфониски концерти што се пракса на Филхармонијата, остануваат дел од програмата. Дуке Бојаџиев и неговите пријатели од САД настапуваат во февруари за Денот на вљубените, а во мај е концертот „Видео игра“ со музика од видео игри.

Публиката ќе може да ужива и во Гала новогодишниот, едукативните и концертите за најмладите, како и во концертите со студентите и учениците од нашите музички училишта и факултети… Крајот на сезоната традиционално, завршува со големиот мултимедијален спектакл „Види музика, слушни слика, добиј книга“ во Градскиот парк.

– Продолжуваат и концертите во другите градови низ Македонија каде има прекрасна публика, подвлече директорката на Филхармонијата.

Јубилејот ќе биде официјално одбележан на 18 декември со настап на еден од најголемите денешни руски пијанисти Борис Березовски, под диригентнство на маестро Дмитри Лис. На програмата се дела од Прокофјев и Чајковски.

– Во контекст на јубилејот се и концертите со македонски уметници, Марија Ѓошевска, Божидар Пејиќ, дуото Стефановски, Ана Гацева, Петруш Петрушевски,… Неизоставен дел се секако македонските композиции од кои и премиерни изведби на оние што произлегоа од минатата година, нагласи Чанаќевиќ.

По повод јубилејот, ќе биде промовирана и монографија за Филхармонијата на авторите Тина Иванова и Роза Нолчева.

На прес-конференцијата присуствуваше и германскиот виолончелист Даниел Милер-Шот со чиј настап утревечер се отвора сезоната. Тој, како што рече, првпат настапува со Македонската филхармонија.

– Голема чест е не само да се отвори сезоната, туку и да се биде дел од ваков јубилеј, 70 години постоење. Концертот на Лало што ќе го изведам утре ми е особено драг зашто пораснав со него, го свирев на 15 години кога учествував на натпреварот „Чајковски“ во Москва и е напишан точно 100 години пред да се родам, рече Милер-Шот.

Изразувајќи задоволство од гостувањето на Милер-Шот, маестро Борјан Цанев посочи дека Филхармонијата ќе му даде максимална поддршка за што подобра изведба.

На концертот вечерва со кој Македонската филхармонија на 6 октомври гостува во Загреб, се и дела од Шахов, Штраус и Барток.

Дизајнерката Кокев заблагодари за соработката со Филхармонијата. Оценка за она што го сработила, за изгледот на дамите од оркестарорт, рече, ќе даде публиката.

– Да направам фустани за женскиот дел од Филхармонијата беше моја дамнешна, потајна желба. Секогаш кога ќе дојдев на концерт уживав, но како да недостасуваше нешто. Со новите креации останавме верни на класиката, доследни на црната боја и на француската тантела. Сепак, публиката ќе ќе го даде последниот збор за тоа дали и колку успеавме во намерата, рече Кокев.

Вечерашниот концерт на Македонската филхармонија со кој почнува сезаната 2014/15 под мотото „Наостри ги сетилата“, ќе се одржи во новиот објект на МНТ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Познатиот шпански режисер Алмодовар ја повика шпанската влада да ги прекине односите со Израел

August 28, 2025

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025
ФОКУС

Голем воздушен напад врз Кијив – јавено за  најмалку 14 загинати

ВЕСТИ August 28, 2025

Русија истрела стотици дронови и ракети кон цели ширум Украина, уништувајќи станбени блокови и домови…

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

August 25, 2025

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.