Косово избра свој кандаит во трката за Оскар за најдобар странски филм, првпат од прогласувањето незавиност во 2008 година.
Станува збор за филмот Three Windows and a Hanging, во режија на Иса Ќосја.
Филмот е за едно село принудено да се помири со силувањето на тамошните жени од српските војници за време на Косовската војна во 1998-99 година, чувствителна тема која, како што вели Ќосја, во голема мера е занемарена во патријархалното косовско општество во изминатава деценија.
Доделувањето на Оскарот е закажано за 22 февруари.