„Продолжуваме со промените“ нема да го предложи Кирил Петков за нов бугарски премиер, изјави Атанас Атанасов од „Демократска Бугарија“ за БТВ, пренесувца бгнес.бг.
Одлуката била донесена доцна синоќа во Советот. Атанасов додаде дека одлуката ќе биде објавена денеска и „Продолжуваме со промените“ треба веднаш да започне преговори со потенцијалните коалициски партнери за нова влада.
Копретседателот на „Демократска Бугарија“ одби да го каже името на новиот кандидат за премиер, но коментираше дека тој е од партијата.
„Ако се работи сериозно на создавање на нова влада, Кирил Петков не може да биде на нејзино чело. Гледам дека „Продолжуваме со промените“ реши сериозно да постапи“, додаде Атанасов.