Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Офицерскиот дом во Битола се прогласува за културно наследство од особено значење

0
By Sashko on July 1, 2022 КУЛТУРА
Министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 1, 2022 11:47

Офицерскиот дом во Битола, кој е изграден во 1912 година и претставува споменик на културата, се прогласува за културно наследство од особено значење, подкатегорија големо значење, изјави министерката во Министерството за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска.

На прес-конференција во Битола, таа нагласи дека Одлука за прогласување на Офицерскиот дом во Битола за културно наследство од особено значење, подкатегорија големо значење, ја донесе Владата на предлог на Управата за заштита на културното наследство и мислењето на Националниот совет за културно наследство.

„Со одлуката е обезбеден највисок режим на заштита, кој подразбира трајно зачувување на Офицерскиот дом во изворна состојба, создавање на поволни услови за опстанок на Офицерскиот дом и задржување на интегритетот на сите податоци што тој ги носи со себе како сведоштво, ширење на сознанијата за вредностите и значењето на Офицерскиот дом и за неговата улога во културната идентификација, оспособување на Офицерскиот дом според неговата намена и значење, заради задоволување на културните, научните, едукативните, естетските, економските, туристичките и другите потреби на граѓаните и општеството и спречување дејствија, појави и влијанија со кои се врши или може да настане оштетување или деградирање“, истакна Костадиновска Стојчевска.

Министерката предочи дека игнорантскиот однос кон значењето и вредноста на овој објект заврши минатата година во мандатот на оваа Влада, откако беа усвоени ревалоризацијата на предметното добро од надлежната установа НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Битола, а потоа и ревизијата на актот за ревалоризација што го изврши Комисија формирана Управата за заштита на културното наследство.

„Со највисокиот степен на заштита, трајно ќе биде чуван овој редок и значаен архитектонски објект кој сам по себе говори за практикувањето на архитектура од јавен и монументален карактер кај нас во периодот на неговото настанување. А, со содржините кои почнаа да се одвиваат во овој магичен простор на Широк сокак,  како генерација продолжуваме да ги негуваме и спомените за златното време на Битола, да го негуваме културно-историското значење на објектот, но и да создаваме нови уметнички вредности кои ќе остават траги за актуелниот културен и општествен живот на Битола и на целата држава“, посочи Костадиновска Стојчевска.

Градоначалникот Тони Коњановски истакна дека Офицерскиот дом е култно место за битолчани и како локална самоуправа ќе продолжат да ги негуваат традициите врзани со тој велелепен објект.

„Како локална самоуправа практицираме Офицерскиот дом да биде репрезентативно место со кое се велича културата. Ова е место каде се одржува БитФест, односно битолското културно лето, а наскоро ќе биде и Европска Куќа. Ние ќе го надрградуваме ова место за да го добие целосниот сјај што го заслужува“, истакна Коњановски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.