Телата на трите деца и нивната мајка по кои се трагаше во изминатите денови се пронајдени во езеро во американската сојузна држава Минесота.
Американските медиуми потсетуваат дека вчера најпрво беше пријавено дека во езерото се пронајдени тела на две од трите деца, кои исчезнаа заедно со нивната мајка претходниот ден.
„Властите веруваат дека децата намерно се удавени“, пренесуваат американските медиуми.
Таткото на децата бил пронајден мртов во приколка во градот Мејплвуд, во близина на Минеаполис, а полицијата утврдила дека заедно со децата исчезнала и нивната мајка.
„Нема ништо потрагично од загубата на мали деца“, изјави шерифот на округот Ремзи, Боб Флечер, додавајќи дека најверојатно станува збор за повеќекратно убиство.