НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Завршена форензичката анализа на куршумот што ја усмрти новинарката на „Ал Џезира“, САД им го вратија на Палестинците

0
By Соња Крамарска on July 4, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Анализата на куршумот што ја уби новинарката на „Ал Џезира“, Ширин Абу Аклех, во американската амбасада во Ерусалим е завршена, а материјалот е доставен до палестинските власти, објавија денеска арапските медиуми.

Палестинскиот министер за правда Мухамед ал Шалалдех синоќа изјави дека резултатите се очекува да бидат објавени во текот на денов.

Палестинката Абу Аклех (51), долгогодишна новинарка на „Ал Џезира“ под неразјаснети околности беше застрелана во Џенин додека известуваше за напад на израелската војска на окупираниот Западен Брег.

Бидејќи таа имаше и американско државјанство, САД побараа да извршат сеопфатна и независна истрага по случајот и да направат балистичко вештачење на куршумот, што беше поздравено од палестинските власти.

Палестинската управа претходно одби да му го предаде куршумот на Израел и да спроведе заедничка истрага со Израелците, за во саботата вечерта да го достави на Американската амбасада.

Израелските медиуми јавуваат дека се уште не познато дали анализата и вештачењето на материјалот ги извршиле Американците или Израелците.

Израелската страна во неделата објави дека нејзини експерти ќе го испитаат куршумот, што е спротивно на палестинските тврдења дека анализата ќе ја извршат американски форензичари.

Портпаролот на израелската армија Ран Кохав вчера изјави дека куршумот ќе биде анализиран во присуство на Американците.

„Доколку куршумот се совпаѓа со оружјето на израелските војници, ќе ја информираме јавноста“, изјави Кохав за Израелското воено радио.

„Ал Џезира“, повикувајќи се на палестински извори, објави дека анализата била направена во присуство на израелски експерт, додека Палестинската управа одбила да испрати свој форензичар. За време на рација извршена од израелската армија во мај дојде до оружен конфликт меѓу израелските трупи и палестински напаѓачи, при што Абу Аклех беше погодена во главата. Истрагата на палестинските власти покажа дека таа била застрелана и убиена од израелски војници.

Израелската армија првично ги обвини вооружените Палестинци за пукотницата, но подоцна соопшти дека е можно новинарката да е убиена од израелски оган.

Израелските власти го идентификуваа оружето од кое е можно да бил истрелан смртоносниот куршум, но сепак соопштија дека за конечен заклучок е неопходна соодветна форензичка анализа. (МИА)

АЛ ЏЕЗИРА убиена новинарка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.