Вечерва се случила тепачка меѓу две семејства во Турското маало на улицата „Бетовенова“. Во тепачката бил употребен и остар предмет со кој бил прободено момче на 22-годишна возраст.
Повредени се две жени, како и едно малолетно лице. Повредениот малолетник има 16 години. Сите се надвор од животна опасност.
Жртвата била донесена во струмичката болница, но таму лекарите можеле само да констатираат смрт.
Момчето било веќе мртво пред да стигне во болницата.