НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МВР: Повредени се 47 полициски службеници, полицијата не употреби пиротехнички и хемиски средства

0
By Соња Крамарска on July 6, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

МВР соопшти доцна вечерва дека се повредени 47 полициски службеници, од кои 11 со потешки, а двајца со сериозни повреди во вечерашниот јавен собир на подрачјето на СВР Скопје, кој се одржа во периодот од 19.00 часот пред Владата, продолжи пред Министерството за надворешни работи и заврши пред Собранието околу 22.30 часот. На сите повредени полициски службеници им е укажана лекарска помош, а потешко повредените се пренесени во медицинските установи за санирање на повредите и медицинска нега, велат од МВР.

„Притоа се констатирани и повеќе нарушувања на јавниот ред и мир од страна на демонстрантите, кои фрлаа со камења, јајца, железни предмети, бекатон плочки, молотови коктели, сообраќајни знаци, канти за ѓубре и пиротехнички средства, како кон објектите, така и кон полициските службеници кои вршеа службени дејства обезбедувајќи ги државните институции“, се вели во соопштението што доцна вечерта го издаде Министерството за внатрешни работи.

За време на протестот се пријавени оштетувања на прозорците и фасадите на Владата, МНР и Собранието. Покрај ова, демонстрантите скршиле 16 полициски штитови, повеќе заштитни полициски шлемови и радио-врски, а оштетенa е и полициска куќарка пред Собранието и едно полициско возило.

МВР соопшти и дека се приведени 11 лица, и дека од страна на полицијата не беа употребени ни пиротехнички, ниту хемиски средства за разбивање на демонстрантите.

„МВР апелира до организаторите на протестите и до граѓаните да покажат демократски капацитет, протестите да бидат мирни и демократски, да ги сочуваме редот, мирот и безбедноста. Преку насилство кон оние кои што го одржуваат редот, кон  македонската полиција и објектите на институциите, не се постигнува ништо; дијалогот треба да се води во институциите на системот“, се истакнува во соопштението. (С.К.)

МВР повредени полициски службеници протести за француски предлог
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Зеленски ги објави условите пред можни преговори со Трамп и Путин – Русија да престане да убива Украинци и да се согласи на прекин на огнот

ВЕСТИ August 7, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека неговите цели за самитот САД – Русија за…

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

August 7, 2025

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.