Published: Sunday, October 5, 2014 15:05
Демонстрантите во Хонг Конг започнаа да се повлекуваат од некои места на протестите и се прегрупираат на главниот простор пред зградата на Владата, јавува Би-Би-Си.
Но, студентите- демонстранти велат дека не го блокирале влезот на седиштето на Владата и инсистираат на тоа дека државните службеници би можеле да се вратат на работа.
Лидерот на Хонг Конг Су Леунг предупреди дека полицијата треба да ги обезбеди владини канцелариите и училиштата кои се отвораат во понеделник.
Демонстрантите се лути на плановите на Кина да ги забранат изборните кандидати во 2017 година.
Тие бараат централната власт во Пекинг да овозможи Хонг Конг да се одржат целосно слободни избори на следното гласање за претседател на територијата.



