Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски утринава го посети Центарот за обука при МВР во Идризово каде што оваа недела е почнат процесот на селекција на пријавените кандидати за полициски службеници по последниот објавен јавен оглас од 6 јуни. „На јавниот оглас се пријавија вкупно 1867 кандидати од кои 1482 се мажи, 385 се жени – факт што доволно говори за позитивниот имиџ на нашето Министерство и меѓу младите“, рече Спасовски.
Министерот појасни дека концептот за обука на идните полицајци се состои од три образовни модули во траење од по четири месеци. Кандидатите ќе бидат избрани преку рангирање со што државата ќе добие 600 современо обучени полицајци со кои МВР ќе склучи договори за вработување на работната позиција приправник полицаец со обврска најмалку пет години да работат во служба на МВР. (Р.Н.)