Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Утре промоција на факсимил на „Песни“ од Ацо Шопов

0
By Нова ТВ on October 6, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 6, 2014 12:24

По 70 години од објавувањето на првата книга на македонски јазик во слободна Македонија „Песни“ од Ацо Шопов, Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) утре организира средба во 12 часот во чест на големиот поет.

Со овој гест, Ацо Шопов – Поезија и издавачката куќа Сигмапрес сакаат да ја доловат атмосферата од деновите по ослободувањето на Македонија.

Утре, во ДПМ, публиката ќе ја поздрави Веле Смилевски, претседател на друштвото.
За „Литературно–историските аспекти на кигата Песни” ќе говори Соња Стојменска Елзесер. „Cлово за љубовта”, ќе изрече Гордана Михаилова Бошнакоска, а „Сеќавања” ќе искаже Михаил Ренџов.

Средбата ја концепира и анимира Јасмина Шопова. Стихови ќе чита Александра Велиновам во музичка придружба на Петар Ренџов.

Оригиналното издание од книгата декември 1944 година, му го должиме на „Млад Борeц“. Во јануари следната година антифашистичката младина на Србија ја донела книгата како подарок на македонската младина, на Вториот Конгрес на Народно-ослободителниот младински сојуз на Македонија (НОМСМ). На овој конгрес, Ацо Шопов учествувал во својство на потпретседател на Главниот одбор на НОМСМ.

Во белградската печатница песните ги однела Брана Перовиќ, којашто била инструктор во Главниот одбор на НОМСМ, во Горно Врановци, во околината на Велес. Таму се наоѓала македонската редакција на „Млад Борец“, „во една просторија, како мудбак, во дворот на муслиманска куќа“ (Блаже Конески, Современост, бр. 4, 1983 год., стр. 68) на којашто Околиски НОМСМ (Куманово) и’ испратила примероци од збирката умножена на шапирограф во октомври 1944 година. Истата збирка ја објавила подоцна и печатницата Илинден од Штип (1945).


фото: Aцo Шопов

Во текот на 1944 година, Ацо Шопов бил одговорен за агитација и пропаганда (Агит- Проп) во штабот на Третата македонска ударна бригада и го уредувал весникот „Огин“. Во тој весник за првпат е објавена, на 15 јули 1944 година, песната „Љубов“, посветена на партизанката Вера Јоциќ, којашто загинала на 23 мај истата година.

Уште во првиот број на списанието Нов ден (1945), Димитар Митрев ќе забележи дека збирката е „литературна новост (…) во која што се огледуе дарбата на еден надежен поет“ и дека во песната „Љубов“ „има нешто сосема ново, сосема авторско (што) зборува отворено за еден богат лиризам“. На Вера Јоциќ е посветена и прочуената песна „Очи“ којашто не фигурира во оваа збирка. Таа е напишана непосредно по ослободувањето, за време на еден престој во Белград (веројатно ноември 1944 година) и за првпат ќе биде објавена во „Нов ден“, бр. 1-2, во 1946 година, а потоа во збирката Со наши раце, во 1950 година.

Повеќе од две и пол децении подоцна, Шопов ќе се наврати кон овие две песни во еден разговор со Гордана Бошњаковска (Одјек, Сараево, бр. 21, 1976 год.) во којшто ќе изјави: „Да зборувам за песната `Очи`, или за песната `Љубов` (…) тоа значи да зборувам за таа огромна љубов што и ден денес гори во секоја моја песна и не верувам дека некогаш ќе згасне (…) Зар и воПесна на црната жена (Мисла, 1976) не горат очите на мојата неизмерна љубов, како што гореа над изморените борци на мојата партизанска бригада и им влеваа храброст, непоколебливост, вера и самодоверба. Песната „Очи“ не е само навестување на моите идни поетски преокупации, таа е претскажување на сиот мој поетски живот“.

Овие 30 страници поезија се вбројуваат меѓу првите страници на нашата современа национална историја и литература. Тие сведочат за едно време во кое, според зборовите на поетот, „борбата (…) беше единствена можност да се најде смисла на животот, единствен начин да се сочува младоста, поточно да се даде младост на младоста“ (Ацо Шопов, Млад Борец, 1973).

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.