НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Екс шефот на ММФ за Македонија, Банерџи ја пофали НБРСМ за водењето независна монетарна политика

0
By Mirjana on July 9, 2022 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во изминатите 30 години Народната банка ја одржа својата репутација на независна, стручна и кредибилна институција, која е столб на финансиската и макроекономска стабилност и дава поддршка во економскиот развој на земјата. Ова беше посочено од страна на поранешниот шеф на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд во земјава за време на транзицискиот период, Бишваџит Банерџи. Во рамки на неговата посета, организирана како дел од активностите за јубилејот „30 години монетарна самостојност“, Банерџи оствари работна средба со гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вицегувернерите и членовите на Советот, а исто така одржа предавање пред претставници на финансиските регулатори, банкарскиот сектор, универзитетски професори и вработените на Народната банка.

За време на средбата со гувернерката и вицегувернерите, беше истакнато значењето на централните банки, во време на континуирани шокови во глобалната економија. Од почетокот на пандемијата, олабавената политика која ја водеа централните банки и поддршката од банкарскиот сектор, заедно со фискалните мерки, придонесоа за брзо закрепнување на економијата. Сега, новите два шока кои ја погодија глобалната економија, енергетската криза почнувајќи од последниот квартал минатата година и војната во Украина коишто резултираа со неочекуваното оживување на инфлацијата, бараат нов пристап од страна на централните банки. Тие најмногу можат да помогнат на економијата, заштитувајќи ја стабилноста. Оттаму, централните банки почнаа да ја нормализираат политиката, согласно различните услови специфични за земјите. Банерџи ги посочи како навремени трите покачувања на основната камата од страна на Народната банка.

Toj истакна и дека во време на глобален инфлаторен раст и ризици за реалната економија, во насока на одржување на ценовната стабилност, водењето независна монетарна политика, каква што впрочем и води Народната банка е клучно за целата економија.

За време на посетата, Банерџи одржа и предавање пред вработените во централната банката, претставници на банки, финансиски регулатори и универзитетски професори на тема „Прелиминарни наоди на тековен истражувачки проект за влијанието на Ковид пандемијата врз словенечкиот нефинансиски корпоративен сектор“.

Во периодот на транзициските години Банерџи, како дел од ММФ, со своите стручни видувања и експертиза даде огромен придонес и кон градењето на темелите на макроекономската рамка за нашата држава. Тој беше шеф на Мисијата на ММФ во период 1998 -2002 година, кога државата се соочуваше со значителни негативни ефекти од косовската бегалска криза во 1999 година и интерниот конфликт во 2001 година. Бил предавач на Универзитетот во Оксфорд, Хаверфорд колеџот и Вортон школата на Универзитетот во Пенсилванија, додека тековно е предавач на Ашока универзитетот во Индија, но и советник на гувернерот на централната банка на Словачка. Автор е на повеќе стручни книги од областа на економијата и има голем број истражувачки публикации во водечки академски списанија.

Банерџи со пофални збпрови за работењето на Народна Банка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

ВЕСТИ August 7, 2025

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50…

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.