Невремето што од вчера зафати голем дел на Грција предизвика поплави и проблеми, особено во северните региони на земјата.
Меѓу најпогодените беа Халкидики, Солун, Лариса, како и островите Тасос и Евија, каде што поради обилниот дожд се поплавија голем дел од улиците.

Вчера, во период од шест часа противпожарна служба во Солун, Кукуш и Пела добила 340 повици за интервенција поради поплавите и невремето.
Паралелно, удари на гром на три различни локации на Пелопонез предизвикаа помали пожари, а гром удри и во куќа во Лариса и го уништи покривот.

Засега, освен за помала материјална штета на домовите и возилата во невремето во Грција, тамошните медиуми не известуваат за жртви или повредени.