НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) Ескалира атмосферата во Шри Ланка-демонстрантите влегоа во претседателската палата и базен

0
By Mirjana on July 9, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ескалира состојбата  во Шри Ланка. Демонстрантите денеска  упаднаа во официјалната резиденција на лидерот на Шри Ланка во Коломбо, додека повеќе од 100.000 се собраа надвор, според полицијата, повикувајќи го претседателот Готабаја Раџапакса да поднесе оставка поради неговото лошо справување со економската криза во земјата.

Видеото емитувано на телевизијата Шри Ланка и на социјалните мрежи покажа дека демонстрантите влегуваат во Претседателскиот дом, канцеларијата и резиденцијата на Раџапакса во трговскиот главен град,  откако ги пробиле безбедносните кордони поставени од полицијата.

Сликите покажуваат демонстранти внатре во зградата, како висат транспаренти од балконот, и како пливаат во базенот на резиденцијата.

Раџапакса не е на местото и е преместен на друго место, изјавија безбедносните службеници за Си-Ен-Ен. Не е јасно колку безбедносни лица се присутни на локацијата.

Населението во земјата која се соочува со најголемата економска криза во својата историја,на крајот на март ги засили своите протести по прекините на електричната енергија по 13 часа дневно.

На 9 мај дојде до судир меѓу демонстрантите собрани околу зградата на Кабинетот на премиерот и поддржувачите на Владата. Во главниот град Коломбо воените единици беа повикани на должност.

По зголемениот притисок од опозицијата, премиерот Махинда Раџапакса поднесе оставка на 9 мај и Владата беше распуштена.

Претседателот Готабаја Раџапакса на 12 мај за премиер го назначи Ранил Викремесинге, кој претходно беше премиер во три мандати.

По насилствата беше прогласен полициски час низ целата земја, а Владата нареди да се пука врз секој што ќе наштети на јавен имот за време на протестите.

Ескалира состојбата во Шри Ланка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

ВЕСТИ August 7, 2025

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50…

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.