НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Словенија со прво ниво на предупредување поради намаленото снабдување со гас

0
By Sashko on July 11, 2022 РЕГИОН
Фото: thenewsglory.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Словенечката Регулаторна агенција за енергетика го објави првото од четирите нивоа на рано предупредување за можни потешкотии во снабдувањето со природен гас, а Владата реагираше со низа препораки за можна заштеда на енергија, преку рационално регулирање на температурата во државната администрација и јавниот сектор.

Министерот за инфраструктура Бојан Кумер, кој утре ќе го придружува премиерот Роберт Голоб на неговата посета на Берлин, каде енергетската ситуација во Европа ќе биде една од темите на разговор со германските домаќини, на прес-конференција во Љубљана рече дека прогласувањето на првото ниво на предупредување од страна на регулаторот, меѓу другото, е последица од прекините во набавката на руски гас преку гасоводот „Северен поток“.

„Станува збор за навремена подготовка за грејната сезона и можните алтернативи“, рече Кумер, додавајќи дека повеќето членки на ЕУ веќе издадоа слични или поостри предупредувања, но дека снабдувањето со природен гас во Словенија сè уште не е загрозено.
Агенцијата за енергетика, како надлежно регулаторно тело, соопшти дека ги предупредува потрошувачите на природен гас дека во иднина, во случај на послаб проток на природен гас од Русија, „во некои прилики може да се бара прогласување на повисоки степени на криза“ и „прекинување на испораките или потребата да се префрлат на алтернативни извори на енергија“.
Министерот за енергетика Кумер потврди дека деновиве Владата усвоила мерки и препораки за заштеда на енергија и нејзина рационална потрошувачка во државната администрација и поширокиот јавен сектор, со што би можело да заштеди околу десет отсто од вкупната потрошувачка за таа намена, за ладење на просториите во лето и нивно загревање во зима, односно околу 10 милиони евра.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025
ФОКУС

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

ВЕСТИ August 13, 2025

Израелската војска денеска повторно го бомбардираше градот Газа пред планираното преземање, при што уште 123…

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.