Групата од стотина Курди кои денеска упаднаа во зградата на Европскиот парламент во Брисел се разотидоа откако претседателот на европските социјалисти им се обрати и успеа да ги смири со ветување дека нивните барања ќе бидат поставени на таблата на дневен ред, јавува новинарот на НОВА Борјан Јовановски кој на терен ги следи демонстрациите во парламентот во Брисел.
Во меѓувреме во Европскиот парламент владее вознемиреност поради фактот дека групата Курди успеа да го пробие обезбедувањето и да заземе централни позиции во зградата на парламентот. Дел од пратениците и вработените веќе гласно го отвораат прашањето за ефикасноста на обезбедувањето на зградата на Европскиот парламент.