Лидерот на Исламска држава (ИД) во Сирија, Махер ал Агал е убиен при напад со американско беспилотно летало, соопшти американската Централна команда и додаде дека ликвидацијата се случила во близина на Џиндирес, а во нападот е сериозно повреден и еден од неговите најблиски соработници.
Нападот врз Ал Агал се случи по пет месеци откако во американска операција во во градот Атме, беше елиминиран лидерот на ИД, Абу Ибрахим ал Куреши. Според американските власти Куреши загинал со активирање на бомба за да избегне апсење.
Во 2019 година, лидерот на ИД, Абу Бакр ал-Багдади загина за време на американски напад во Идлиб. Тој, исто така, го активирал самоубиствениот појас за време на американската воена операција.